Види слика (5 букви): видов

Котелецот на Њујорк Тајмс

„Не е како дрога, не е како крек, ама е зависност. Корисна зависност." Вака го опишува неговиот однос кон правењето и решавањето крстозбори Вил Шорц, уредникот за енигматика во Њујорк Тајмс.

Вели дека ја поседува единствената светска диплома во енигматологија, решавал крстозбори уште како дете, а канцеларијата повеќе му делува како некое книшко дувло, чиј ѕид го краси часовник-крстозбор.

Што работи уредник за енигматика во Њујорк Тајмс? Па, тој од соработниците и од читателите добива 75-100 крстозбори неделно, од кои треба да одбере седум, за секој ден од неделата. Потоа проверува колку зборовите во нив се интересни, точни, и колкава е нивната зачестеност во англискиот, за да бидат доволно препознатливи за читателите. Оние кои ќе ги одбере ги испраќа на тројца енигматичари-тестери, кои ги решаваат и му пишуваат коментари. Откако сето ова ќе заврши крстозборот може да биде објавен.

„Не сум некој магионичар, не знам да одам на жица над провалија, но мислам дека сум добар во составувањето крстозбори", вели тој. После видеово некако сме склони да му веруваме на збор - ако сте по решавањето може и да проверите. Месечната претплата е 7 долари, ама вреди за вежбање на англискиот.


Се обидов да решам една постар која ја најдов онлајн и сосема се збунив. „Омилено колаче на адвокатите“ и „Тенор, веројатно“?? Потоа сфатив дека се работи за специјално правен крстозбор за 6-тата епизода од 20. сезона Симпсонови, во која Лиза го открива нејзиниот енигматичарски талент. Спешл гест стар во шоуто: нашиов Вил Шорц.