205 години од смртта на Едгар Алан По

„Гавранот" на Лу Рид

Мистериозниот посетител, кој со децении му оставаше три ружи и полуполно шише коњак на По, трета година по ред не се појави на неговиот гроб. А и Лу Рид, кој му посвети цел албум, веќе го нема.

Во 2003 Рид издаде албум, „Гавранот", кого целосно го посвети на кратките раскази и песни на Едгар Алан По. Во пеењето и раскажувањето му помагаа Лори Андерсон, Дејвид Боуви, Стив Бушеми и Вилијем Дафо, кој „го позајмува гласот“ во современата адаптација на истоимената песна на Рид.

Паралелно со двојниот албум излезе и истоимена графичка новела, соработка на Рид со легендарниот италијански илустратор и уметник Лоренцо Матоти, чии пастели (види долу) ја акцентираат мрачноста на поезијата на По и ја комбинираат со еротиката на поетските адаптации на Рид.

Во едно од неговите последни интервјуа, Рид зборува за предизвиците при правењето на албумот:

„Проблемот со По е што неговиот јазик е толку сериозен - речникот, зборовите кои ги користи, некои зборови биле мистични и во времето кога ги користел, како и архитектонските термини од Грција. И јас, покорно седејќи со речникот, барајќи решение за сето ова и мислејќи дека во песна или на албум не сакам да имам вакви работи - може едноставно да се искористи збор за кој сите знаат што значи..За него, супер. За мене, не. Минав повеќе време преведувајќи ги на англиски пред воопшто да почнам, но не можев да дочекам да ја направам Гавранот. Мојата е некој вид современа верзија, а ја имаме и оваа графичка новела илустрирана од големиот италијански уметник Лоренцо Матоти..Правење на убави нешта е навистина забавно."

Изведбата на Вилијем Дефо:

Цртежите на Матоти:

 

 

 

 

22 јануари 2014 - 08:49