ДНЕВНИЧКИ ЗАПИС
Комшијата новинар има некоја тезга
па ме моли да кажам неколку реченици
(буквално) за некои весници што се делат без пари
за предностите на животот во мојата месна заедница,
сè во својство на имигрант.
Викнал Бразилец, Кинез, Пакистанец и мене.
Пишав.
После се јавува, вика фала, само треба уште да ме слика.
Се симнувам во кафана, тој го зема мобилниот да ме слика.
Позирам. Цркнува батеријата. Наоѓаме некако полнач, го ставаме да се полни.
Позирам. Нешто се расипува. Го поправа.
Позирам. Сликите катастрофа. Не се гледа кој е.
Позирам. Џабе.
Позирам. Цела кафана фаќа сеир.
Тогаш ми ѕвони телефон.
Јас: „Извини, ќе ти се јавам подоцна.
Имам сега некој photo shoot..".
Дејан Тиаго Станковиќ