Данок на цитати од комичната серија „Сплетки“

Вработени во музеј во Британија познат по своите фасцинантни лустери, се умориле од слушање референци од конкретна епизода на Only Fools and Horses. Сега, секој што ќе им ја спомне треба да плати данок што ќе оди во купот средства за конзервација.

Собите за aристократски седенки (Bath Assembly Rooms) дизајнирани од Џон Вуд помладиот во 1769 се лоцирани во Бат, Англија, и денес се отворени за јавноста како културно наследство. Тие се најпознати по своите скапоцени лустери, што кај посетителите постојано поттикнува асоцијација на епизода од „Сплетки“ од 1982.

Во неа Дел Бој и Родни лажат сопственици на богат имот дека се експерти за чистење лустери, но по грешка на дедото (а чија друга?) едниот од нив се струполува на земја и се крши на парчиња. 

Секој што ќе ја изговори репликата „Уште едно вртење Дел!“ на дедото или „Држи се Родни“ на Дел Бој пред да се случи катастрофата е поттикнат да плати доброволна донација за конзервација на лустерите. 

Ова е смислено како забавен момент, но има и сериозна страна. Националниот труст на Британија кој се грижи за културното наследство низ земјата троши над 4000 фунти само за лустерите во овој објект, 10 на број, кои стари над 250 години. Првично тие користеле свеќи пред да бидат променети на плин во викторијанската ера. Сега се електрични. Најголемиот во просториите тежи повеќе од 200 кг и е висок 3 метри. 

Во текот на Втората светска војна кога во Бат имало бомбардирање на градови од културно и историско значење од страна на нацистите, лустерите биле отстранети и скриени во локален каменолом. 

За разлика од „Сплетки“, каде Тротерови планираат да го фатат лустерот со чаршаф, трустот има систем со челични јажиња и макара со кои тие полека се спуштаат до подот за да се исчистат.  

Дел од фамозната епизода, со дополнителни информации, на пример тоа дека станува збор за вистинска приказна која му се случила на дедо му на сценаристот Џон Саливан кој изгледа бил ситен измамник исто како и Дел.

 

13 јули 2024 - 08:52