Bookbox

Првиот речник објавен во Австралија бил посветен на сленгот на криминалците

Затворениците доселени во Австралија од својата татковина - Англија - помеѓу другото донеле и куп зборови и изрази. Еден од нив, исто така осуденик, ги документирал во 1819, во книга под наслов A Vocabulary of the Flash Language.

„Седфишинг“ или кога се гребеш за сожалување

Се уште е рано за прогласување на збор на годината. Но ништо чудно токму овој да биде збор на 2019.

Најголемиот изум на Томас Едисон

Не била ни сијалицата, ни фонографот, ни подвижните слики. Најголемиот придонес кон технологијата на Едисон се состоел во новиот начин на размислување за неа.

Правда зa Хандке

Додека расте бројот на реакции по повод доделувањето на престижниот Нобел на австрискиот писател, некој го брани. Поточно, го бранел уште во 2015, во текст во кој вели дека Хандке можел да ја добие наградата „да не се инаетел“.

Зошто треба да е дозволено да си ја промениш годината на раѓање?

Да речеме дека сте веќе средовечни, па дури и - според стереотипното сфаќање - стари. Но истовремено сте во подобра кондиција од вашите врсници, па оттаму се чувствувате и се идентификувате како помлади од вашата официјална возраст. Затоа, кога ќе видите оглас „Бараме девојче за работа“ се чувствувате дискриминирани. Дали треба да ви биде дозволено да ги промените документите за возраста во нив да одговара на вашето внатрешно чувство?

Реакции по одлуката Нобеловата за литература да му се додели на „симпатизерот на Милошевиќ“

Денес, 10.10, беа соопштени двајцата добитници на престижната награда, Олга Токарчук и Петер Хандке. Набргу се појавија првите скандализирани реакции на одлуката австрискиот автор да биде закитен со неа. 

Како изгледа болката?

Фотограф од Њујорк живее со хронична болка во ’рбетот. Одлучил својата и болката на своите блиски да ја визуелизира низ фотографии.

Бизнисмените што учат од комичарите

Звучи шашаво, ама изгледа помага - компании плаќаат на стенд ап комичари да им ги обучуваат вработените, за овие да знаат како да комуницираат, да раководат, да продадат. Сето тоа низ смеа и хумор.

Приватниот живот на Бајрон

Досегашниот стереотипен портрет на романтичниот поет го прикажуваше како безгрижен бонвиван. Нова биографија раскажува малку поинаква приказна.

Кратка историја на родители што се мачат со домашни

По септемвриската лежерност, за сите кои имаат дома ученици, настапува есенскиот стрес, со домашни, испрашување и тестови. Ама ако мислите дека на родителите од минатото им било полесно, се лажете.

Кога ќе останеш „без зборови“

Не е метафора, ниту начин да се одбегне одговор („какво беше јадењето?“, „немам зборови“), иако може да биде и двете нешта. Зборуваме за она кога навистина не може со зборови да го опишеш она што го доживуваш - кога основните алатки за комуникација не помагаат.

Бубашвабата што стана премиер: нова книга на Јан Мекјуан

Модерна верзија на „Преобразба“ на Кафка, која е истовремено и политичка сатира, новиот краток роман на Мекјуан под наслов „Бубашваба“ главно се однесува на Британија. Иако политиката насекаде е полна со гнасни инсекти.

Човекот кој си играше со оган: нова книга за Стиг Ларсон

Пред да се прослави со своите трилери, како „Девојката со тетоважа на змеј“, објавени постхумно, тој бил новинар и активист, кој се обидувал да посочи на опасноста од десничарскиот екстремизам и нео-нацистичките групи во Шведска.

Првиот музички стриминг бил измислен во 19 век

Наративот на линеарниот напредок се однесува на револуционерни пронајдоци кои ги заменуваат оние „примитивните“ од минатото, или на такви кои некогаш биле незамисливи. Стримингот обично го сместуваме во вторава категорија. Но тој всушност датира од пред повеќе од еден век.

Исечени дрвја со човечки лик

Андреа Гандини од Рим им вдахнува нов живот на обезглавените стебла во градот, со тоа што од нив резба - глави.

Не, читањето научна фантастика не заглупува

Истражување од 2017, кое покажа дека разбирањето и емпатијата кон текстот наводно се намалува кога тој жанровски е „наместен“ да изгледа како научна фантастика, го покажа она што го знае секој ес-еф фан: не е до жанрот, до квалитетот на приказната е.

Дали некогаш луѓето живееле само на пиво?

Првиот човек кој одгледал „питоми“ житарици не го направил тоа за да меси леб, туку за човечки да се напие. Така барем тврдат истражувачи, кои додуша не знаеме дали биле спонзорирани од некоја пивара. Ним им контрира друга група, веројатно платена во симит погачи.

Како Аристотел може да ти го спаси животот?

Тешко е да се замисли како му било на Аристотел во негово време, кога не бил „древен“. Бил интердисциплинарен пред воопшто да постојат различни дисциплини, пишувајќи за филозофија, политика, психологија, етика, музикологија. Но како што се обидува да покаже Едит Хол, тој денес би можел да биде и „лајф-стајл коуч“, не за древни, туку за многу актуелни проблеми.

Зошто ни треба повеќе „не знам“?

Барем онлајн сите звучат како да се 100% сигурно во нешто, дека сè знаат, цело време. Блазе си им.

„Година на мајмунот“: нова книга на Пати Смит

Во новиот мемоар, музичарката и писателка ја опишува 70-тата година од својот живот. Книгата е главно мрачна и тажна, но со голема енергија да се раскаже и така да се преживее.

Пастафаријанство, или религијата чиј врховен бог е чудовиште од шпагети

Звучи како виц, но ова е реално општествено движење, со реални барања и принципи. Режисер ги следел три години за да сними документарец кој ја покажува борбата на членовите да ги добијат истите привилегии како и припадниците на другите, официјални религии.