Археолозите пронајдоа древна друштвена игра на Маите

Историјата на друштвените игри е стара илјадници години. „Сенет“, која се играла во Египет, датира од 3100-тата година пред нашата ера. Африканската „Манкала“ е од 1400-тата п.н.е. Шахот потекнува од Индија, а бил создаден пред повеќе од 1500 години. Сега е откриена нова игра на древните Маи.

Цивилизацијата на Маите која се развивала во централна Америка од 2000 п.н.е. до 1500 година во нашата ера, имала неколку популарни игри. За нив се сметало дека имаат натприрона моќ да предвидуваат војни. Тие вклучуваат друштвена игра во форма на крст под името „Патоли“ и игра со топка наречена „Пок-а-Ток“

Неодамна, архолозите пронашле камена табла во Чичен Итза, на полуостровот Јукатан во Мексико. Маите изгледа дека ја користеле за да играат обредна игра со тешка топка. 

Играта имала големо културно и религиско значење за оваа цивлизација. Повеќе од обична рекреација, таа отсликувала длабоки верувања и вредности на Маите. За нив игрите биле можност за покажување на физичките способности, воспоставување на општествен поредок и врска помеѓу смртниците и боговите. Конкретнава игра предвидувала каков ќе биде годинешниот род и климата, но и судбината на поединците. 

Така, победувањето во игра како оваа се сметало за знак на божествен знак. Од друга страна, оние кои постојано губеле понекогаш биле нудени како жртви на боговите. Размислете за ова следниот пат кога едно по друго ќе загубите во партии „Не лути се човече“!

17 мај 2023 - 20:40