Таг: друштвена игра

Букбокс друштвени игри: „Калико“ или мачиња на ќебенца

Ги знаете оние разгледници од море, на кои локални мачки позираат (или се сликани без знаење и без да бидат прашани за авторски права) како дремат во сенка, невознемирувани од туристичката гужва и цените на гирото. Епа ова е идеална игра за лето, затоа што сместувајќи ги мачињата на прекрасно дизајнираните плочки, и вие малку ќе здивнете и запредете.

Археолозите пронајдоа древна друштвена игра на Маите

Историјата на друштвените игри е стара илјадници години. „Сенет“, која се играла во Египет, датира од 3100-тата година пред нашата ера. Африканската „Манкала“ е од 1400-тата п.н.е. Шахот потекнува од Индија, а бил создаден пред повеќе од 1500 години. Сега е откриена нова игра на древните Маи.

Книжевно дело кое е истовремено и друштвена игра

Раскажувањето добри приказни преку игри е навистина тешко. Тие наметнуваат и такви предизвици со кои писателите вообичаено не се соочуваат. На пример, ако на играчот му е дозволено да носи примарни наративни одлуки, тогаш приказната веќе нема дефиниран протагонист. Ако пак му се одрече контролата врз одвивањето на приказната, тогаш се укинува главниот елемент што игрите го нудат во споредба со потрадиционалните, статични наративни медиуми - интерактивноста.

Букбокс друштвени игри: „Фотосинтеза“ или како да не бидеш „дрво“ за садење дрвја

Третиот текст во оваа подрубрика е инспириран од ритамот на природата што го сведочиме од нашиот прозорец - со секој изминат ден сонцето е посилно, вегетацијата разлистува, се слуша песната на птиците. Заедно со интензивниот априлски дожд, ова најавува дека новонасадените дрвја добро ќе се фатат. И ќе пораснат...за едно десет години. Но има и побрз начин од семка да пораснеш дрво и да му се радуваш - играјќи ја оваа игра.

Букбокс друштвени игри: „Војна против теророт“ (2006)

Во оваа нова подрубрика нема да го следиме стандардниот совет „пишувај за она што го знаеш“, затоа што за светот на друштвените игри сме во процес на учење. Но ако советот е „пишувај за она што го сакаш“, тогаш сме на свое. 

Бугарска верзија на играта „Карти против човештвото“ оценета како навреда на „древните вредности“

Ако не сте ја играле, американската друштвена игра Cards Against Humanity подразбира влечење карти на кои се испишани одредени реченици, кои треба да се дополнат. Тие често се политички некоректни, „мрсни“ и навредливи - тоа е смислата на играта. Изгледа не и кога станува збор за бугарска верзија.

Зошто викинзите биле закопувани со друштвени игри

За да имаат со што да се занимаваат на оној свет, викинзите биле закопувани со древна друштвена игра позната како „нефатафел“. Долго време во преводите на сагите таа била погрешно толкувана како шах. 

Друштвената игра која се игра 1.500 часа

Се вика „Кампања за Северна Африка“ и е единствена игра во својот жанр, а тоа е - ептен долга. Не само што ако се игра два пати неделно по три часа би биле потребни дваесет години за да се заврши, туку со оглед на димензиите на таблата, и тоа што е за десет играчи, работата си бара и да се изнајми цела кафана. 

Омилената друштвена игра на старите Римјани

Се викала лудус латрункулорум, се играла на камена плоча, а им помагала на војниците да ја издржат досадата во паузите меѓу две битки.