Лето за летање

Неверојатно што може да го чкрапне етимологот... Ги пуштив гулабите да летаат... лето е.

Може ли лето без Летнина на Фреш Принс?

Скара у дворче негде над скопските депресии у ладовинка? Базен, опционално. Прскање од чешма, ако ништо друго (празнење на бунарот на викендичката... обавезно/задолжително). Лежалки од ортома - ако има стативи. Пауза од фудбал? Да, нема кој да се поти на пладне по амазонски стадиони, па можеме ние на божје пољанче/тревник од увезена англиска трева. Пинг-понг исто може. Откачување клиенти? И тоа.

Таман(тамам?) се навикнавме на медитеранска клима претходната деценија, годинава летото едвај се измк’на од сенка. Се појави нешто на ден-два во февруари, па пак кидна, па уште два дена во јуни, па пак ја спрашти, и конечно Господ го фати за уши и у магарешка клупа да брка луѓе да бегаат по водни површини (Кеј Тропикана, во скопски услови). 

Не знам дали ќе ја утеши колешката Сандра, ама Летнина је - к’д је живејачка л’сна. Хиљадарке долазев и си одлазев, летнина и људи останујев.

Летнина, ама со Мајлс

 

2 јули 2014 - 11:56