Најпрво сакам да ѝ се заблагодарам на Академијата (ваљда ману?) затоа што сите тоа го прават и делува баш заебано и скоро дрско професиолано. Понатаму, хјуџ тенкс и хјуџ екмен на сите кои со неверување и во благ транс, ко да се фатиле на оро кое не го знаат, а се музикални како Мирка која би ја пеела Барселона со Фреди, го примија моето појавување на оваа веб парцела која и по ДУП и по ЖГЛУП ги има сите тапии за да постои додека не нарасне на 1,4 метри над дозволената висина после што ќе ја минираме со спектакуларна експлозија (и ние сме деца на Ви фор Ве'ндета).
Искрено, малку сум разочаран од Феликс Баумгартнер. Мислев дека сме другари. Покажа мадиња првиот пат кога не скокна од вселена као демек ради силен ветер во магла, уствари сакајќи да се координираме со активностите од есенцијална важност за планетата: јас да почнам да пишувам, тој да почне да скока.
Верував дека за моја љубов нема да се ашка по Њу Мексико туку ќе слета триумфално како искусен птеродактил пред Триумфална, каде што со симболичен Шото-Кан-Кан (комбо на бадентерови и европски движења вкомпонирани во славенички танц на љубовта и взаемната почит) ќе аздисавме како што е ред, да прославиме еден таков историски момент во кој беа срушени и неколку рекорди: за најкратката колумна во историјата на оф нет, за најдобрата слика посветена на еден колумнист во историјата на оф нет (Кики ајстиллавју), па за рекорд во поставување рекорди во една колумна, и уште пар други кои сè уште чекаат верификација кај Тодор Петров.
Ама, Феликс страв - мене не страв. Одлучно, како прав ербап се соочив со еуфоријата на човекот кој се обиде да ми го украде шоуто, прогуглав и пронајдов што сè избеседиле за него луѓето по светов. Еве дел од реакциите:
„Ах, деца, деца..." - Нил Армстронг
„Не надолу бе глуп, нагоре! НАГОРЕ!" - капетан Жан-Лук Пикард
„Феликс Баумгартнер најверојатно малку неофицијално по сè изгледа како да потскокнал, и притоа отворил дупка во планетата Земја кај Розвел, САД, стигнал до срцето на Земјата ги пробушил портите на пеколот и ослободил неколку демони кои наскоро ќе ја објават Апокалипсата. Неофицијално и логично, при неговиот пад во пеколот тешко е повреден Луцифер, бидејќи овој му слетал директ на рогови." - либертас.мк
„Извини. Сигурно има за што." - Брат Љубе
„Според нашите информации, господинот Баумгартнер сам се качил на работ на вселената и скокнал од таму по своја волја, и не се точни конструкциите дека некој го турнал" - Иво Котевски
„Феликс злато, симни се, лажев дека не те сакам." - девојка му
„Ако се убиеш, не ти праам муабет." - госпоѓа мама Баумгартнер
„Феликс се качи горе и виде колку сме мали. Џејмс Камерон се симна долу, на дното на океанот, и го виде истото. Нудам бесплатни офтамолошки прегледи секој вторник и петок од 09:00 до 09:12!" - познат офталмолог од Крушево
„It's raining men!" - The Weather Girls
„И јас да ви кажам право, се осечам како Феникс братот овде, како да сум паднал од небо тука меџу вас господа пратеници. А Феникс 102% се осеча како црнец што го терале да се качува најгоре за курташак" - Амди Бајрам
„Ако згрешиш, ќе изгориш" - Пепи Бафтироски
Бидејќи сум ербап до крај, нека му. Нема да објавувам какви реакции ми пристигнаа на меилот после мојот деби скок во бавчава (вие 6-7 безобразни девојки, такви муабети во банка за сперма да правите, не на културен момак како мене). Нека му ја славата, барем уште денеска. Кај и да е, ќе се покае што имаше шанса која не ја искористи. Којзнае кога друг пат ќе може да му ја здувне, без виза, фар фар авеј, додека на слушалки Гилмор и Вотерс ќе го водат онаму каде ни Нил Армстронг наводно не бил, со ранец во кој има ланч-пакет, стотина евра за вселенарини и смартфон на вип, за кога ќе му е досадно или ако забележи марсовска флота која на колец го носи „Кјуриозити" и патува накај земјата да ни стори абер со далеку поисториската фраза од онаа која ја кажа, а би звучела отприлика вака: „Ебете се вие земни животни".
Дејвид, дај ја онаа нашата, од Це! За братот Феликс...
*ако имаш муабет со мене, ете ти меил: betmenvelit@gmail.com - кај и да е, ќе го најдам пасвордот. твитерџии, тука (@BatmanSaysT).