Станица "Мода"

Сите луди по Фалабела

Ќерка е на Пол Мекартни и креира за Мадона, а сепак тоа што ја прослави е - ташна.

Стела Мекартни е активист за животински права, веган, екологист и после долгогодишно искуство во рамките на модниот дизајн, во 2005 ја вади првата eco-animal friendly колекција. Зема само материјали што можат да се рециклираат, не употребува никаков вид кожа, а волната за нејзините алишта ја откупува од мали стопански производители. Органскиот памук е закон, и за пролет-лето 2012 за збогатува понудата со очила за сонце изработени од био пластика.

Иако е во модниот свет долго време, соработува со престижни куќи како француската Клое, креира за Мадона, ја револуционизира модната терминологијата со тнр. одржлива мода, тоа што најмногу ја прослави татината ќерка е несомнено Фалабела бег, ташната која стана must-have за многу славни личности, тренд- сетери, блогери и обични смртници.

Името го добива по една ретка раса на коњ кој живее во тосканската област. Госпоѓица Фалабела е беспрекорна: made in Italy, комплетно во ритам со еколошката мода, мека на допир, малку рок на изглед, спортска и елегантна во исто време. Секоја сезона во различни бои, секој пат во нова форма, линијата Фалабела нуди од pochette дo clutch, od shopper и новчаник до обвивка за Iphone. До минатата година модната критика се прашуваше дали оваа ташна ќе биде уште еден метеор, но денес нема сомнеж. Секоја сезона all go crazy for Фалабела: од Риана, Кејт Хадсон, Џенифер Лопез до Глен Клоуз и Наоми Вотс.

Постојат три формати: big tote, clutch и small fold over tote, која е дефинитивно најбарана заради неверојатната практичност: shopper за на рамо, се превиткува и станува clutch за оние кои љубат помали ташни, и конечно станува супер pochette за навечер за гламур изглед без конкуренција. Ах да, ќе заборавев, цената. Од 675 евра па нагоре. Изборот е ваш.

Некој од вас е можеби восхитен од етички прашања, ќе се пронајде во целата еко приказна и ќе си каже: "Тоа е мојата ташна!".

Многумина ќе си помислат: "За ташна од пластика да давам 700 евра?! Подобро ќе си купам Спиди на Луј Витон" (којашто од кожа има само рачки и рабови).

Јас не спаѓам во ниедна од овие категории.

Витон не би носела ни да ми ја поклонат, а кога веќе цената не е играчка, тогаш јас играм по мои правила, по интуиција, како секогаш.

Спиди е видена и превидена. Додека се шетам низ град ме демне од сите страни, вистинска хегемонија. На моменти ми се превртува стомакот. А Фалабела нема претходници. Личи на себе, нема инспирации.

Едната постои сто години, веќе потврден евергрин, додека другата нема ни една деценија живот. Едната е ит-бег, а другата кој знае дали ќе стане тоа. НЗС: материјално гледано, двете немаат никаква конкретна вредност на луксузен предмет. А сепак, сите ги посакуваат.

И невозможно е да не се запрашаш: "Каде се границите на луксузот во модата? Што плаќаме? Изработка, материјали, практичност, комоција, дизајн, квалитет, идеја, иновација, бренд? Или плаќаме имиџ, несигурност, его?

Што?

Секој си плаќа за себе.

Секој си ја плаќа сопствената причина.

12 март 2012 - 09:41