Разбудени од молкот

Здраво. Денес е 22 февруари 2013-та. Вест на денот: ја изгубивме војната во 2001-ва. Абе, да не ти се вервит!

Невероватно, ама многумина се најдоа затечени од ова шокантно откритие кое како метеор во Русија од нигде-никаде се појави над македонското небо на слободата, братството и единството и ги пламна емоционалните центри кои вивнава како зграда на пошта, па во луѓето изгорева многу вредни уметнички дела кои ја оплеменуваат душата, такоџе како во зграда на пошта.

Штета пошо во ова држава веќе 11,5 години некогашните терористи, подоцна борци за човекови права, денес легитимни претставници на 20, 50 и повеќе илјади луѓе (или во проценти, меѓу 1 и 110%) од еден народ се во извршна власт (со мали паузи). То испаѓат ко 11,5 години, 138 месеци, 7346136410287 минути да си спиел на уши и денес се освестуваш по хибернација со шокантната вест: замисли, Талат Џафери се дрзнал да станува Министер за одбрана и то е смртен грев. Навреда. Како си дозволува? Пошо досега чоекот не беше во извршна власт, туку работеше како семкар со повремени испади во библиотека, а за викенди волонтираше во Здружение на филателисти на Македонија. И ко молчеше во собрание и ко ја блокираше работата на законодавниот дом исто така не беше бивш командант на ОНА, туку сладоледџија со испади на полето на поезијата / словенската антитеза.

Глупа и непотребна кадрова одлука е тој да е таму, од разумно-емоционални причини. Разумно може да заклучиш дека Македонците емотивно го доживуваат како лице на една црна чума која ја спопаднала нивната Земја и ги тепала нивните синови. Кај е недоразбирањето? Црната чума после стана заспаната убавица - потпишавме за то, не е моја измишљотина. За нас то го учинија покојни Борис и Стен Лорел и Оливер Харди од Отпорот. Со потписот на рамковниот, па амнестијата, па вратените хашки случаи, па уште пун курац одлуки на кои стојт и македонски параф, легислативно гледано работите се јасни.

Околу „Мојата Земја дојде да ми ја рушиш" имам да ти кажам нешто: стварно не е само твоја и никој не полагат ексклузивно право на неа, колку год да мислиш поинаку (за то не требит потпис него акал). Заборај на муабетите за дојденци, староседелци, резервни држави и слични дебилни муабети пласирани од некој шо имат брокула во глата место мозок.

Ние Македонциве често имаме едно глупо чуство дека државава е појќе наша него нечива зато шо сме побројни. И поради то често имаме уште едно глупо чувство дека некој константно ни го плескат од позади. Па шо ако сме побројни бе? Ко ќе се залетаме на три-че-ти-ри партали ќе ги напрајме? Ц. До продавница не мојш да ојш без согласност на 9 комисии на ЕУ и Нато. Ако прајме чоечка кула до Месечина нашата ќе е поголема? Да, и? Појќе данок плаќаме од нив? То си стојт, ама за неплаќањето не ми е крив некој племенски воџа шо со чифте дочеквит инкасатор, туку шо не умејт да си наплатит пари од тој шкрт кромањонец. Исто на душа на нашите драги лидери ојт и неубото фискално чуство да си ти одоздола, иако би требало да сте еднакви со то шо нели ти ќе си поеднаков зато шо си поброен.

Околу бројноста еве ти еден пример: Израел си имат исто мал проблем со комшиите: имат 2-3 милиони жители, а наоколу мал проблем со тие 2-3 милиони имет едно двеста катаљарди Арапи. Па сите евреи горе-долу сречно си живееја сега засега.

Е сеа, глупата одлука Талат да го истопориш во Одбрана (ко веќе немаме Министерство за напад – хаха каква страшна шега Боби /автопедагошка забелешка) кажвит доста за моменталниот хороскоп на Македонија. Да видиме шо пишит во него:

Политика: ДУИ си враќат некој долг кон ДПМНЕ од порано. Братот му го памтел на вемеро и си запишувал за да ми ти го зачука до балчак ко ќе ти се турнати гаќите без видни изгледи да дојт до нивно кревање, имено. Истото (мерење) повремено го прает и „нашиве". И кој е ебаната странка тука? Граѓаните, не ваљда политичарите.

Љубов: На еротски план очекувани се јадежи во пределот на меѓуножјето: Кур ги болит за нас. Сите до еден. Пет пари не давет. За нив сме мелено месо и им требит кило и триста од месото за да напрает тавче гравче со плескавица (23% телеќа) шо ќе си ја јадет 4 години минимум. Толку е математиката. Истиве фраери, без оглед на кратенката под која се претставвет, и името ќе го решет, мои драги комити. Со истата доблест, морални вредности, етика, емпатија. Важно е мекото под газот. Политички поени се прает со „талати", а поените носет власт.

Секс: Да бараш морал и етика во политика ти е ко да бараш порнич во Ватикан. Имат таму некаде, ама ела најди го да те видам.

Ај да пробам да нацртам војна:

1. Војна е срање и никој не е вистински победник после неа.
2. Во таква војна загинале македонски синови кои ја бранеле нашата земја и своите деца. Слава им. За жал и оние кои преживеаа немаат нешто многу посреќна судбина.
3. Во таква војна загинале албански синови кои си бранеле свои правди и права. Дали ти ќе се сложиш со нивното поимање на права е идеално неважно од денешен аспект.
4. Судирот на две страни завршвит со мировен договор во кои се напишани многу работи.
5. Имплементацијата на тој договор и тие многу работи се сечија обврска.
6. Војна е срање и никој не е вистински победник после неа.

Не ми е крив Талат Џафери. Во најмала рака врховниот командант на ОНА, значи шефот на Талат, значи наредбодателот на секој неамнестирачки грев кој ќе му го пишиме на Џафери, мистер Али Ахмети - е претседател на партија која е на власт. И се подмочвиме од радост ко ќе еднаш на 2-3 години прозборит на македонски, пошо то покажвит култура, еманципирање и воља за соживот. Од исти причини и нашиот драг Премиер прозборе албански пред некој месец. Ако и двајцата почесто го прает то, вервам дека многу побрзо ќе мрдниме како држава.

То важит и за г-дин министер кој шо најмалку шо можеше да напрајт е да го испочитуват протоколот на државата која шо го стават на одговорна позиција: „Да живее Македонија" немаше солзи радосници да ни донесит, немаше да потсвршиме од среќа, ниту пак Талата ќе го претвореше во мило туѓо јагне во очите на Македонците - иако толку сме изместени шо нормалноста ја доживуваме како осмо светско чудо ПРЕчесто. Ама - барем! - ќе покажеше дека и нему му е јасно кај живејт и кому ќе му е министер. Вака, си влезе од одма во кошот на државни апартџиковци какви шо сме се изнагледале во минативе 20 години од сите јебени партии и националности. Ама, секој со својот ум и последици од постапките. 

Ова е мојот ум: Здраво. Да не ја губиме „војната" во 2013-та. А то е војна за праење држава.

И ак нејќит Талат, ево од мене:

„Да живее Македонија!"

Боби Бетмен
Самопрогласен Министер за Одбрана од глупости.

На ви една за соживот, јебо ве соживот:

 


betmenvelit@gmail.com, @BatmanSaysT 

22 февруари 2013 - 13:05