Преку Тасе

Во секојдневните конфликтни ситуации секогаш имаш барем две опции. Dа бидеш зен-будистички езотерик кој ќе заоооомка пар пати, ќе го смири гневот и од него ќе направи пеперутка на меѓусебното разбирање и почит која ќе прелета до душата на соперникот и на неа ќе засади цвеќе на братството и почитта кое ќе ги шири опојните мириси на човекољубието. Или да oтераш се у три лепе пичке материне. Што ќе направиш?

Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа" – Фреди Кругер, прото-филантроп

Ако сте пацифисти, хипици, комаја шизици, само неколку минути пред доживување нирвана или ајрон мејден, или пак од типот на луѓе кои имаат нерви со дебелина на американски тинејџер, стоп тука.

Вам ви е всичко хубаво, сè ви е рамно како Вардарска долина. Викендов ќе го доживеете и преживеете на најблагороден начин, ширејќи го словото миро-љубовно, медитирајќи во хармонијата која ја креирате во сопствениот мозок и само со силата на сопствената волја.

Ако сепак не се дрогирате, тогаш време е за една показна вежба. Неопходна, од време на време. Застанете пред огледало, излезете на тераса, вотевр. Пуштете го ова и повторувајте по мене, во крешендо: „Преку тасе ми е. Преку тасе. Преку тасе! ПРЕ-КУ-ТАСЕ!!!

Преку тасе ми е од медиокритети. Преку тасета од може и полошо. Која ти е таа глупа логика? Може и подобро, нели? Може. Мора бе подобро, мора! Преку тасе од паметњаковци кои ќе ми кажуваат кога да пијам и колку да пушам. Фала ти што се секираш за мојата јетра и срце, ама здравствено плаќам за еден ден ако затреба да ми вратиш дел од парите, а не за ти да си мајка, а јас 2-годишно дете. Преку глава (а.к.а. преку ТАСЕ) од мало, средно, големо и поголемо знаме, од имиња и презимиња, преку тасе од „во ваше време" и од вкрстен оган на говорниците. Ааа, одморете ме. Одморете нè. Одморете се, еј! Пријатељи, земете на државен рачун еден супер мега-џамбо Ербас и хајт фатете џаде едно 3 месеци. Што подалеку (бидејќи колку подалеку толку повеќе ќе си ги проширите видиците и ќе бидете подобри и повеќе ќе ве сакаме и да). На пример, видете што убаво звучи Фиџи! Ха! ФИ-ЏИ! Лесно е и за изговор. А супер место. Сè на државен трошок нека е. Сите топтан. Леви и десни, црвени и плави, играјте си малку тато и мама или доктори или градежници со кули во песок, фар фар авеј. Ќе преживееме некако во тој период. Добро ќе е и за нас, да се исчеличиме малку. Да видиме како е да живееш на своја одговорност, да се снаоѓаш сам за себе. Дајте ни да пораснеме. Од љубов, нормалически!

Преку тасе од ВЦ шолји во кои не смееш да фрлиш хартија во 2012 година. Ма, замисли Феликс Баумгартнер да ти дојде на гости и да му се присере во ВЦ приклучено на водовод кој последен пат бил реновиран од некој Стегосаурус. Преку тасе и од растителен кашкавал. Кој те смисли, домашна пушена по сред чело да му порасне. Преку тасе од гмизавци, преку тасе од двајца комити, третиот кодош. Преку тасе од онаа експертска лаконска констатација „абе тоа ти е - македонче". Абе тасе да јадеш. Дај не биди кретен. Никој не нè проколнал за да имаме тажна и мачна судбина, никој не го боли цев за тоа што ти мислиш дека живееш во центарот на центарот на Универзумот и некому тоа му пречи, подеднакво како и твојата врвна интелигенција и способност за експертиза по прашања од квантна механика преку аграрно стопанство до плавата фаза на Ван Гог и бетовенскиот темпераментен барок. Центар на Универзумот или Сингелич на Западен Балкан, ама идеално е неважно. Ти си вирусот за кој зборуваш. Ти си малодушното „македонче". Опрај се.

Преку тасе од мртов шиптар добар шиптар две секунди пред „Аце Шаќири, па ти си Бог“. Преку тасе од Антич педер, Кире ја шитна, преку тасе од барањето нови херои и плукањето по старите во првата милисекунда после некој фаул. Преку тасе од празните зборови, немањето чест, лажните ветувања. Преку тасе од ваквите парамециумски манифести. Преку тасе од она ми дае бајат леб пошо сум од Скопје и преку тасе од скопјанишча шо сакафте ре тепих да ви постељиме.

Пре-ку-тасе од концерт на Ван Гог и Неко те има ночас – (чик погоди што) ме боли? Истите песни истите песни истите песни на секоја свирка. Преку тасе од лигавење на една шолја кафе по саат и пол, преку такво (ете, малку култура да покажам у тасовац!) од турско со 2 лажички шеќер. Преку тасе од истите муабети, непријатната тишина и правењето на работи по рутина, преку тасе од „тапа си еј, дај кажи ми нешто интересно". Не земам плата за да те забављам. Не сум должен да те анимирам. Преку тасе од „ќе бидеме подобри во наредниот циклус квалификации". Каков бре црн нареден циклус. Замисли жена на маж да му каже: „злато, ќе бидеме подобро по наредниот циклус“. Сакам успех и го сакам сега. Бидејќи сега е моето време, и сега е после, и ова е тоа, и ова е она (фала Горан Стефановски).

Ова е мојот, ова е твојот живот. Ова е нашето време. И преку тасе ми е од оние кои сакаат да ми го украдат. Нема да дозволам. Промените започнуваат – сега. Како? Кажи им бе јуначе, дај го оној нашиот предвикендашки зен, марсељезата на прекутасевската армија.



Се испразни? Сега, опушти се. Заслужено ти е. После празнење, доаѓа период на полнење. И наполни сè што можеш, абе сè што ќе ти дојде при рака. А Зенот ќе си дојде сам по себе. Тоа е еден од оние природни закони кои големите ги знаеле уште кога биле деца...

...а ти веќе не си дете. И не ми се лути за безвезе. Преку кур ми е од тоа. Упс.



Адресите за да си кажете се што ви лежи на срце, а би сакале да ви лежи на тасе се: betmenvelit@gmail.com и @BatmanSaysT

 

23 ноември 2012 - 12:47