Аргументот е дека редовните туширања може да се поодвратни отколку твојата пот.
Проблемот околу оваа тема е што нема многу научни истражувања кои можат точно да ти кажат колку често да се бањаш или со кои методи. Она што се знае е дека редовното бањање "ја лишува твојата кожа од есенцијални масла и организми - и затоа е штетно за твоето здравје, мирис, и балансот на животот на твоето тело."
Плус на ова, се повеќе докази посочуваат дека водењето живот опседнат со шампони за тело и триење, заедно со други фактори, го оштетуваат комплексниот систем на човечки микробиом кој науката се уште целосно не го разбира.
Науката уште ја нема составено целосната слика за улогата на микробиомот (збир од бактерии, вируси и други микроби што живеат во и на твоето тело) во нашиот живот, ама се повеќе индиректни докази покажуваат дека туширањето го оштетува микробиомот на вашето тело. А ако тој не е здрав, твојата кожа тешко успева да одржи здрав хемиски баланс и да спречи оштетување и инфекции.
Што се однесува до телесната миризба а.к.а. смрдењето, луѓето што се посветени на прескокнување туш (од научни причини, не од мрза) тврдат дека овој проблем постои само затоа што веќе го имаме пореметено микробиомот со премногу често туширање. Според нивната теорија, твоето тело може да се "адаптира на новата нормала без туширање, а твојот нов и рекалибриран микробиом ќе мирис пријатно - и малку на земја."
Еден од примерите е Џејмс Хамблин од Атлантик, кој во јуни 2016 напиша есеј во кој ја објаснува одлуката да престане со секојдневно туширање. Денес неговата состојба е следната:
"Се плакнам секаде каде што сум видливо валкан, на пример после трчање кога морам да ги измијам мушичките од лице, затоа што сепак живее во општество. Ако имам бушава коса се навалувам во тушот и ја мокрам. Ама не користам ниту шампон, ниту сапун за тело, а речиси никогаш не влегувам под туш...
... И сè функционира одлично. Се будам и излегувам од дома за неколку минути. На моменти кога порано сум мислеле дека лошо мирисам, на пример како на крајот од работниот ден, едноставно не мирисам. Барем не за мојот нос. Сум ги замолил пријателите да ме мириснат, и тие инсистираат дека се е во ред. (Иако можеби имаат заговор да ме упропастат.)"