Модерна стопираше тестирања на детски РСВ вакцини

Респираторниот РСВ вирус обично може да биде опасен за стари лица како и за младенчиња. Компанијата Модерна развивале вакцина за втората група но морале да ги прекинат клиничките тестирања откако неколкукратно повеќе компликации имале оние бебиња кои добиле вакцина отколку оние во контролната група. Не е првпат. Во 60-тите години уште полоши биле тестирањата.  

Респираторниот синциален вирус (РСВ) е многу заразен и чест респираторен вирус кој ги инфицира носот, грлото и белите дробови. Иако обично не предизвикува тешка болест кај здрави возрасни и деца, некои луѓе со РСВ инфекција, особено постарите возрасни и доенчиња помлади од 6 месеци, може да се разболат сериозно за да мора да се хоспитализирани.

Но, клиничките студии за вакцини против РСВ за новороденчиња сега се на пауза, уште од јули.

Документ на Американската федерална агенција за лекови обелоденува дека до ваков потег дошло откако биле пријавени пет случаи на тешки до многу тешки инфекции на долниот респираторен тракт меѓу 40-те бебиња кои ја примиле вакцината. За споредба, во контролната плацебо група имало само еден случај во 20.

На пет доенчиња им била потребна хоспитализација, а на едното му била неопходна механичка вентилација.

Она од јули не се случува првпат во развојот на детската вакцина против РСВ. Документот на ФДА потсетува дека во 1960-тите, две бебиња починале за време на тестирање на вакцина против РСВ, а 80% биле хоспитализирани заради комплицирање на клиничката слика поврзана со вакцинирањето. Тој инцидент доведе до повеќегодишна сенка во развојот на вакцината.

Заради тоа сè уште нема вистинска вакцина против РСВ за децата - и покрај тоа што оние под 5 години се најранлива популација, а РСВ е водечка причина за хоспитализација на доенчиња во САД.

28 декември 2024 - 16:09