Од вкупно 9,6 милиони заболувања годишно предизвикани од храна, 4,6 милиони потекнуваат од зеленчук, а половина од овие отпаѓаат на листест зеленчук како спанаќ, зелена салата и рукола.
Во основа листетстиот зеленчук е број еден причина за болести кои се пренесуваат преку храна (а.к.а. труење од храна), покажува студијата објавена во новиот број на Emerging Infectious Diseases.
Иако е малку веројатно дека зелената салата ќе има некакви фатални последици по вашето здравје, сепак повеќе од препорачано е што е можно подобро да ја измиете.
И покрај тоа што морската храна е озогласена на оваа тема, таа како категорија предизвикува најмал број на морски болести. Од целата храна најсмртоносно е пилешкото, кое преставува одличен дом за салмонела. На пилешкото месо отпаѓаат 19% од 1.451 смртен случај предизвикан од храна во периодот меѓу 1989-та и 2008-ма.