Онаа навика децата да бидат поштедени од светот на пцовките е сосема погрешна, тврди Ема Бирн која се занимава со вештачка интелигенција и неуронаука.
Зад нејзините зборови се истражувања кои покажуваат дека пцуењето, меѓу другото, ја зголемува искреноста, го збогатува вокабуларот и придонесува за подобро разбирање на јазикот, го подобрува чувството на припадништво меѓу блиските и генерално им помага на луѓето да ја процесираат и менаџираат својата лутина и бес.
На своите предавања Бирн објаснува дека со забрана на непристојните изрази, им одмогнувате на децата да ги демистифицираат зборовите. Уште поважно, на тој начин не ќе бидат способни да го разберат прецизно емотивниот свет на луѓето во својата околина.
„Децата треба да научат како пцуењето влијае врз другите,“ вели Бирн.
Како бонус на темава, таа неодамна укажа на една друга студија која покажа дека кога ќе се повредите, болката полесно се поднесува ако поштено се изнапцуете.
Тоа го утврдиле на тој начин што на една група волонтери на кои им била нанесувана болка, им се оставала слобода вербално да реагираат како што сакаат, ама затоа другата група несреќници, на истата болка морале да реагираат со зборови како „Прекрасно!“
Значи ова научнициве, мама си ебале.
*******
Бонус: Стивен Фрај за радостите на пцуењето: