Во ривјуто што го даваат за својот потстанар по крв, Кристина и Марк Ротондо наведуваат дека тој:
- Не плаќа кирија.
- Не плаќа никакви трошоци по дома.
- Не помага во домашните работи.
- Се нема одзвано на 5 пишани барања од родителите да се отсели некаде.
Пред целата работа да стигне до суд, родителите на Мајкл Ротондо му имаат понудено и финансиска помош за тој малку да се осамостои.
Во едно од барањата за иселување од 2-ри февруари пишува:
„По разговорот што го имавме со мајка ти, одлучивме дека веднаш мора да ја напуштиш куќата. Имаш 14 денови за да напуштиш. Нема да ти биде дозволено да се вратиш. Ќе ги преземеме сите потребни мерки за да ја спроведеме оваа одлука.“
На вчерашното рочиште судот одлучи во корист на родителите и му нареди на Мајкл да се отсели. Барањето на синот е дека по тамошните закони треба да му биде даден рок од 6 месеци.
Околу забелешките што родителите ги имаат до него, одговорот на Мајкл е: никогаш ништо од тоа не беше побарано од мене.