Рампата што ќе скрати многу мистерии околу пирамидите

Египтолозите откриваат рампа чиј излгед и постоење помага да се објасни како се местени големите камени блокови, а тоа да не се вонземјани, патување низ времето или која и да е конспирација.

Научниците на терен во Египет истражувајќи антички написи наидуваат на рампа со скалила и нешто што наликува на дупки за столбови, која според нивно размислување покажува дека пренесувањето на камењата потребни за изградба на големите пирамиди, било завршено многу побрзо отколку што претходно се мислеше. До сега рампите постоеа само во теорија.

Според она што го има откриено, англиско-францускиот тим верува дека скалилата и дупките на двете страни на рампата за качување покажуваат дека градителите можеле да пренесуваат материјалот од два правци, наместо само да го влечат блокот кој бил зад нив. Тимот верува дека оние под блокот користеле столбови за да создадат чекрек систем, додека во исто време оние над нив влечеле.

Откритието се смета за значително затоа што покажува дека работата можела да се заврши побрзо, но и понатаму потврдува дека за изградбата била потребна напорна работа од голем број луѓе.

„Системот кој го откривме би им дозволил на повеќе луѓе истовремено да ја впрегнат својата сила, па ова значи дека ти ќе можеш да вложиш повеќе сила и побрзо да ги пренесеш блоковите,“ објаснува еден од истражувачите.

Инаку рампата потекнува од времето на Кеопс, фараонот која ја гради Големата пирамида.

6 ноември 2018 - 22:52