Пакистан почна војна против глувци... во парламентот

Меѓу сите егзистенцијални проблеми со кои се справува Пакистан, пример е на раб од економски колапс и некои посебно уникатни за него, експлозија на популацијата на магариња, земјата се сврте кон чистење на својот парламент од глувци.

Планот за спас на парламентот, за кој веќе има и буџет, се базира на собирање мачки кои ќе бидат пуштени во објектот за да го решат проблемот на долг рок.

Освен ова дел од парите се наменети и за поставување мрежи на прозорците на зградата за да се спречи бегство.

Проблемот со глувците е толку голем што тие се обвинети за уништување на дел од Сенатот и Националното собрание, како и различни оддели кои работат во објектот.

Освен мебел, глувците уништиле и дел од документацијата до која дошле.

21 август 2024 - 10:26