Ловот започнал откако холандската национална архива објавила илјадници документи, меѓу кои и мапата, кои требало да им помогнат на тамошните историчари во нивните анализи.
На цртежот го има главниот пат, три дрва и црвен икс. Овие детали биле доволни за луѓе да почнат да копаат по Омерен - холандско селце со 715 жители - на 80 километри од Амстердам.
Потеклото на мапата и приказната за богатството датира од 1944-та, кога нацистите ги окупирале Омерен и блиското градче Арнхем. Експлозија на бомба го разбила сефот на банка во Архнем, при што германските војници наводно ги наполниле џебовите со пари и накит, и решиле да ги закопаат во Омерен.
Засега, сè уште никој нема ништо најдено.
Работата отишла дотаму што локалните власти морале да го забранат копањето, со образложение дека постои можност ловците да наидат на неексплодирани бомби, нагазни мини и гранати.