Двата ривали заедно во САД поседуваат четири федерални трговски марки кои ги покриваа термините „супер херој“ и „супер херои“, од кој најстарата е од 1967 година.
Промената следува по судската парница започната од лондонскиот цртач на стрипови, С.Ј. Ричолд, автор на стрипот Супербебиња. Со оваа победа двата термини се префрлаат во јавен домен и се достапни за користење за сите цртачи.
Целиот судир први го почнале од ДиСи кои го обвиниле Ричолд дека ја злоупотребува нивната трговска марка за „супер херој“ и се заканиле со тужба кога Супербебиња аплицирале за американска трговска марка за нивниот бренд.
Аргументот на Ричолд пред американските власти е дека Марвел и ДиСи не можат да „тврдат дека имаат сопственост над цел жанр“, како и тоа дека двајца конкуренти не можат заедно да поседуваат трговска марка.