Во опција пред Синодот биле 4 сценарија за избор на првиот човек на руската православна црква а победило она кое се смета за најдемократско решение и по кое е избран и актуелниот поглавар Кирил.
Ова е првпат руската црква официјално да го уреди начинот на избор на Патријархот. Релативно нова (во црковни мерки) е овој чин со оглед на тоа што до 1917-та година, царот беше воедно и глава на Црквата.
Подоцна патријарсите се бирани на различни и нестандардизирани начини: еднаш со извлекување имиња, три пати со јавно гласање на владиците и двапати со тајно.
Првиот човек на руската православна црква во иднина ќе се избира со тајно гласање, секоја епархија ќе има право да предложи кандидат а финалниот глас и припаѓа на московската епархија.