Новината ќе важи и за високиот менаџмент на компанијата и за сите што работат од дома, а ќе почне да се практикува од последното тромесечје на годинава.
„Мораме да останеме поврзани со сржта на нашиот бизнис за да можеме вистински да ги разбереме предизвиците и можностите со кои нашите соработници од продавниците се соочуваат секој ден,“ порачува ЦЕО-то на компанијата.
Хоум депо е еден од најголемите ланци на продавници во САД со годишен промет од 150 милијарди долари и некои си 450.000 вработени.
Компанијата последниов период кризира, откако Американците за време на пандемијата удрија на најразлични нивоа на реновирање и подобрување на своите домови, па сега се префрлија на трошење пари во други сектори.