Проектот за доверба во вести на Универзитетот Мисури соработува со различни редакции на тема кој колку верува во изворот, плус прави анкета меѓу публиката.
Заклучокот е публиката повеќе му верува на Фокс њуз отколку на Хафингтон пост или Јаху. Севкупно, левичарски настроените меинстрим медиуми имаат поголема доверба отколку десничарските.
Иако најголемиот дел од буката доаѓа од поларизираните медиуми, Американците најголема доверба имаат во вестите што им ги сервираат британските медиуми (Економист и Би-би-си), државните медиуми (Пи-би-ес, Ен-пи-ар) и Ројтерс.