Комшииите на една 66 годишна жена од Ланкашир, Англија, се пожалиле на локалните власти дека оваа има ставено прејака сијалица во својот двор која им прави проблеми бидејќи светлината директно влегува во нивната детска соба.
Инспекторите за животна средина ја испитале ситуацијата и ѝ наложиле на женава да ја олабави тензијата и да стави послаба сијалица, ама па оваа се заинатила и целиот спор завршил на суд.
Нејзиното објаснување е дека баш таква сијалица е неопходна за адектватно осветлување на делот од нејзиниот дворот заради безбедсосни случаи, евентуален пожар и слично. Па едната странка викала пожарникари за сведочење, другата странка се повикувала на експерти за недвижнини а на случајот се измениле тројца парнични судии.
Засега судските трошоци надминале 20.000 фунти, ама случајот уште не е прегорен.