Земјите-членки на ЕУ не можат да забранат употреба на често користени термини доколку немаат правни дефиниции за нив, се вели во одлуката на Судот на правдата на Европската унија.
Франција во 2022 и 2024 година издаде декрети со кои се дозволува употреба на термини зборови вклучувајќи „шунка“, „бифтек“, „колбас“ и „сланина“ исклучиво за производи од животинско потекло.
Француските сточари долго време лобираа за ваква мерка, а властите дополнително објаснија дека вакви правила се потребни за да се избегне создавање забуна кај потрошувачите.
Организацијата на француските сточари ја осудија одлуката на судот велејќи таа ја потврдува „узурпацијата на природни производи за комерцијализација на ултра-процесирана храна.
Овие другиве пак, ја поздравија одлуката на судот тврдејќи дека термините како растителен стек се користеле 40 години.
Ние првпат слушаме.