Се работи за серијата Голијат на Амазон Прајм, за која Мајк Хеил напиша дека е ветувачка но "непотребно комплицирана", откако првите две епизоди ги изгледал обратно.
Тој оценил дека оваа правничка драма со Били Боб Торнтон има потенцијал, но истовeрмено ѝ забележал дека епизодата со која се отвора (втората епизода) "остава многу прашања неодговорени".
Хејл инаку многу прецизно и зналачки ги опишал проблемите на сценариото, кога тоа би било вистинскиот редослед. Њујорк Тајмс подоцна ги избриша параграфите произлезени од забуната на нивниот рецензент, објаснувајќи дека не одговарале на вистинскиот драматуршки развој.
Доволно за сеирџии да оценат дека некои луѓе на угледниот магазин имаат исти проблеми како дедо кој за првпат фаќа ДВД.