Во основа секој што сака да си купи Оскар, може да добие само статуетка од филм од пред 1950-та.
Причина за ова е што во 1950-та, Академијата воведе правило според кое сите добитници мораат да потпишат договор дека ако некогаш во животот сакаат да се отарасат од статуетката тие мора неа да ја продадат на Академијата.
Иако сумите за кои се продаваат Оскарите од пред 50-те се прилично тајни, според бројките на еден дилер на холивудски сувенири (и сопственик на hollywoodgoldenguy.com) до сега најскапо платен е Оскарот за најдобар филм за Однесени со виорот, кој во 1999-та Мајкл Џексон го купил за 2,1 милион долари (сумата е во денешни вредност со пресметана инфлација).
Далеку на второ место со 894 илјади долари е Оскарот на Вивиен Ли за најдобра актерка, за улогата во Однесени со виорот. Оваа статуетка е купена на во 1993-та.
На трето место е статуетката на Кларк Гејбл за најдобар актер во филмот Се случи една вечер, која е продадена за 888 илјади долари.