Тарантино, по добивањето на БАФТА за Најдобро оригинално сценарио за Џанго, на новинарите на церемонијата им изјави дека филмовите "молат" да бидат дел од трилогија.
"Ова (темата со новата историја) моли за трилогија, моли да има и трет филм со оваа тема. Се уште немам решено за што ќе биде."
Иако целата работа уште нема ни допрено хартија, сепак со две БАФТА награди за најдобра споредна улога, прилично е веројатно дека Кристоф Валц повторно ќе биде дел од проектот на Тарантино.