Само 7 проценти од сите британски филмови создадени во овој 7 годишен период им донеле профит на нивните продуценти. Од нискобуџетните филмови кои чинат помалку од два милиона фунти, профитабилни се само 4 проценти додека поскапите филмски производи (над 10 милиони фунти) се над просекот. 17 проценти од нив се финансиски успешни.
Некои сметаат дека сметките од касите не ја кажуват целата вистина за британскиот филм.
"Нискобуџетните филмови се корисни за индустријата затоа што преку нив луѓе се учат на вештини, се тренират. И да не носат профит, заради ова тие се уметнички и културно важни," рече Пол Гринграс на Бифа (British Independent Film Awards).
Стапката од 17 проценти кај скапите филмови е слична како онаа во Холивуд, вели тој потсетувајќи дека таму гигантските филмски франшизи ја плаќаат останатата филмска продукција.