Буџетот од 250 долари опфаќа:
- Меконахи пред секое снимање да биде претворен во пациент со СИДА пред умирање од 80-те.
- Истото треба да се направи и со Џаред Лето
- Да се прикажат кожните проблеми што се појавуваат кај пациентите со СИДА.
- Шминка и фризура за сите останати статисти и споредни улоги во филмот.
Снимањето на филмот трае 23 дена, а според Робин Метјуз, која го добива Оскарот за шминка и фризура, ова е "филмот со најнизок буџет што некогаш сум го снимала." Таа потсетува како во одредени моменти продуцентот плаќал со сопствена кредитна картичка за да се донсе јадење за екипажот. Филмот се снима во рок од неполн месец, и во овој период Меконахи и Лето, треба од долгогодишни пациенти со СИДА, да се претворат во луѓе со нормална тежина.
"Моравме да ги носиме од нивниот најболен до нивниот најздрав изглед, некогаш и по пет пати на ден. Тие ја задржаа својата килажа од пред снимањето кога ослабеа околу 20 килограми. Па кога ќе ги гледате во филмот и некаде изгледаат како да се десетина килограми подебели и поздрави заради лековите, се' тоа е само шминка," објаснува Метјуз
Од протетика единствено Меконахи има користено додатоци кои ги пополнуваат образите, а се останато е пудра и боја.
"Приколките им ги облепив со слики од черепи и костури и ги гледав коските што требаше да им ги насликам. Во основа, ја нагласував секоја коска и жила, а понекогаш и вените, што можев да ги најдам на нивното тело. Тоа беше шминка за целото тело," раскажува Метјуз за Ванити Феир.
Ова е прва номинација и Оскар за Метјуз.