По целата онлајн дебата што се разви околу пиратската претпремиера на Осуммината, Hive-CM8 одлучија да ја кажат својата логика околу целата работа, а по пат и да се извинат. Нивната верзија е дека филмот не бил украден од хакери, туку го купиле од "од човек на улица".
"Што се однесува до филмот Гневните осуммина:
Жал ни е за сите проблеми што ги предизвикавме со објавување на овој одличен филм пред воопшто да започне неговото прикажување во кино.
Ние никогаш немавме намера со тоа да повредиме кого било, и не знаевме дека толку брзо ќе се прошири (филмот).
Гневните осуммина е одличен, возбудлив и забавен вестерн кој е комбинација на одлична режија, фантастични глумци, прекрасно сценарио, убава фотографија и музика за паметење.
Сите овие елементи го прават Гневните осуммина незаборавен филм во кој Квентин Тарантино го дава најдоброто од себе.
Бидејќи сега сите зборуваат за филмот, не мислам дека продуцентите ќе изгубат пари на киноблагајните, и сега ќе ви кажеме зошто.
Ние мислиме дека ова создаде нов тип на медиумско внимание, со тоа што филмот е поприсутен на вести, радио и во весници отколку Ѕвездени војни, а промотивните трошоци за ова се нула.
Да речеме дека 5% од луѓето планираа овој филм да го гледаат во кино, заради целото ова медиумско внимание што ненамерно го создадовме, веруваме дека сега 40% од луѓето ќе го гледаат филмот во кино.
Бидејќи сите зборат за ова и секој сака да го види филмот околу кој се крена толку голема бука.
Ова Сигурно ќе ја зголеми продажбата на кино влезници.
Навистина се надеваме дека на долг рок ова им помогна на продуцентите, и дека ги покри трошоците за продукција и останато.
Исто така мислиме дека Гневните осуммина е главен кандидат за награди и дека ќе победи со огромна предност пред другите.
Тарантино ти благодариме за овој прекрасен филм.
Извините што го објавивме пред Божиќ не беше планирано, повеќе никогаш нема да објавиме филм пред неговата кино премиера.
И дефинитивно нема да ги објавиме сите 40 што ги планиравме, мислам дека до сега доволно објавивме.
Поздрав."
Сето ова во оригинал на лош англиски тука.