FX3X со 3 филмови меѓу номинираните за Оскар за најдобри ефекти

Ноќеска Академијата го објави списокот на 10-те филма номинирани за најдобри визуелни ефекти, меѓу нив 3 филмови на кои работеше ФХ3Х: "Iron Man 3," "The Lone Ranger," и "World War Z." На овие филмови ФХ3Х беше дел од тимовите на Scanline, Industrial Lights & Magic и MPC.

Десетте номинирани филмови за најдобри визуелни ефекти во изминатата година, од кои во јануари ќе се селектираат финалните пет. По азбучен редослед номинација добија: "Elysium," "Gravity," "The Hobbit: The Desolation of Smaug," "Iron Man 3," "The Lone Ranger," "Oblivion," "Star Trek Into Darkness," "Thor: The Dark World," "Pacific Rim," "World War Z".

"Оваа година конкуренцијата за Оскар е особено силна затоа што имаше навистина голем број филмови со извонредни визуелни ефекти и дури и самото влегување во оваа листа на номинирани десет е огромен успех", изјави Кристијан Даниловски, еден од сопствениците на ФХ3Х и член на Асоцијацијата за визуелни ефекти. "Самото тоа што филмови како што се "Man of Steel," "Ender's Game," "Rush," "The Wolverine," или "After Earth" не влегоа во овој потесен избор, зборува за високото ниво на визуелни ефекти кои се ова година во игра. Во ФХ3Х сме многу среќни што ја имавме таа привилегија да работиме на три од номинираните десет филма кои влегуваат во потесен избор, особено што тие влегоа на оваа листа во навистина голема конкуренција. Визуелните ефекти на сите десет филма се спектакуларни. Во овој момент фаворити и не можат да се издвојат се додека не се изгласаат финалните пет филма кои ќе влезат во избор за Оскарот, но секако нашите се " The Lone Ranger" на кој работевме во соработка со Industrial Lights & Magic, "Iron Man 3," на кој работевме во соработка со Scanline, и "World War Z," на кој работевме во соработка со MPC, и на кои им стискаме палци да влезат во финалните 5"

Финалната листа со петте номинирани филмови од кои ќе се избере најдобриот, ќе биде објавена во јануари.

 

6 декември 2013 - 16:54