Алек Болдвин е крив што не е слеп

Американска невладина за права на лица со инвалидитет му се з'гна на Алек Болдвин што се осмелил да глуми слеп човек а сите знаеме дека не е слеп. Значи, многу се офтика.

Најновиот напад врз Болдвин не доаѓа од очекуваната страна, неговиот омилен душман Доналд Трамп туку од организација која се занимава со благородни цели, промоција на правата на лица со инвалидност.

Фондацијата на семејството Рудерман смета дека е крајно нефер што Болдвин прифатил да глуми слеп писател во филмот Blind чија премиера е најавена за 14 јули. Закупиле простор во ЛА Тајмс па го објавиле ова:

„Алек Болдвин во Blind e последниот од низата примери во која попреченоста се третира како костум. Како што ни е неприфатливо бели актери да играат црнечки карактери, така треба да биде и со инвалидноста“, порача претседателот на Фондацијата, Џеј Рудерман.

Истата организација и претходно мрсеше и против други меинстрим филмови, меѓу нив и минатогодишниот Me Before You, во кој Сем Клафлин - здрав, прав - глуми парализиран човек.

Ако сте на линија на размислувањата на Рудерманови и ним сличните, од сè срце ви посакуваме да имате чест лично да водите аудиција за глумец кој треба да игра лик со хемороиди.

6 јули 2017 - 23:49