Рамбо Амадеус: Една солза за Бора

Боро, јас те паметам како многу нежен и љубезен човек, а сите знаат дека беше врвен поет и шоумен. За жал, не знаеш никому да му кажеш не, па твојот бениген кафански национален ентузијазам трапаво го префрли во јавниот простор. Нема што, погодно за злоупотреби од секаков вид. Со години потоа го носеше овој наметнат товар, но ти беше под ниво да се „вадиш“.

Драг Боро, знаев за тебе и твојот „Рокенрол за куќен совет“ многу пред да се сретнеме во канцеларијата на ПГП, далечната 1988 година, додека уредниците заседаваа што да прават, затекнати од мојот материјал за првиот албум. Тогаш ти беше на врвот на својата моќ, на врвот на кариерата, голема, вистинска ѕвезда а се однесуваше како дечко, директно и добронамерно, како да сме стари пријатели.

Кога го слушна материјалот, покажа нескриена одушевеност пред вчудоневидените уредници, се сеќавам кога рече „Дајте му реклама на дечково, буткајте го на телевизија, овој ќе биде ѕвезда, полуд е од мене!“

Срамежливо те повикав една година подоцна, во далечната 1989 година, да ми гостуваш на плочата, за малку да се изгребам од твојата голема популарност. Веднаш прифати, без потпрашања, не побара да се смени ниту една буква од текстот, со обѕирност почитувајќи го мојот „поетски“ ракопис.

Трет пат те сретнав на заеднички концерт на Ташмајдан, ти беше ѕвезда на вечерта, јас настапував на почетокот, како една од многуте предгрупи. Таш беше полн, од голема нервоза ми се слоши, се ничкосав на под, ти и Гага први скокнавте, ме масиравте, ми носевте вода со шеќер, загрижени, многу нежни, како да сум ви фамилија, успеавте да ме опоравите и оспособите за настап.

Брзо потоа, во деведесеттите, на почетокот на војната во Босна, наш заеднички познаник и менаџер во Мостар беше уапсен од ЈНА. Поради неговиот горостасен изглед и дрзок однос, во комбинација со бошњачкото име и презиме, во тие хистерични времиња нашиот пријател немаше многу шанси да ја докаже својата невиност.

Да не се давам со детали, тој беше пуштен на твоја лична интервенција истиот ден. Во тоа гадно и опасно време ти се зазема за „некој таму, од другата страна“. До денес тоа го знаевме само јас и ти и нашиот ослободен пријател. Мислам дека е умесно од денес ова да го знае и по некој друг.

Боро, јас те паметам како многу нежен и љубезен човек, а сите знаат дека беше врвен поет и шоумен.

За жал, не знаеш никому да му кажеш не, па твојот бениген кафански национален ентузијазам трапаво го префрли во јавниот простор. Нема што, погодно за злоупотреби од секаков вид. Со години потоа го носеше овој наметнат товар на твоите поетски плеќи. Но, онака достоинствен, молчеше, ти беше под ниво да се „вадиш“.

Знам од прва рака дека не можеше ни мравка да згазиш мравка, а камоли да мразиш некого.

За разлика од многумина, кои вешто жонглираа со својот национален ентузијазам и внимателно, на лажиче, ѝ го дозираа на јавноста, само за да штрбнат некаков ќар а да предизвикаат долгорочна штета на пазарот што неизбежно ќе се отвори за некоја години, вешто погодувајќи го моментот за вртење на плочата кога медиумите од новоформираните земји ќе почнат да обрнуваат внимание на музиката на „оние таму“.

Тие свадбари, Боро, не ти се ни до колена.

Уште од првата средба ти за мене засекогаш ќе останеш легенда, пред сè затоа што беше нежен, скромен и добар, најмногу на своја штета.

На крајот, твојот голем, грандиозен стих, сè убаво им кажува на оние што знаат да слушаат:

„А себе би се подарил на кој и да е, бидејќи никој од вас не ги знае моите бродоломи“

Рамбо

5 септември 2024 - 09:25