Писмо за раскинување со Фејсбук

Драг Фејсбук,

Тука е Eat24. Гледај, треба да збориме. Ова не е лесно бидејќи заедно сме веќе долго време, ама треба да раскинеме. Би сакале да кажеме "не е до тебе, до нас е," ама овој пат тотално e до тебе. Не сакаме да бидеме груби, ама ти веќе не си паметната и интересна социјална мрежа во која се заљубивме пред неколку години. Се имаш променето. И тоа многу.

Кога прв пат те запознавме, правеше да се чувствуваме посебно. Кога ќе кажевме некој супер смешен виц за Сирача ти ќе им кажеше за тоа на сите наши пријатели и потоа сите заедно се смеевме. Ама сега? Сега сакаш да ти дадеме пари за да зборуваме со нашите пријатели. Сега кога ќе ти покажеме слика од тако обвиткано со сланина, ти одма почнуваш "PROMOTE THIS POST! GET MORE FRIENDS!" наместо само да им дозволиш да не' сакаат за тоа што сме. Ова стварно не е во ред.

Да бидеме искрени, многу наши пријатели не предупредија за тебе (да не спомнуваме имиња, ама по имиња: Форбс, Фаст Компани, Вол Стрит Журнал). Ама ги игнориравме и ти верувавме бидејќи те сакавме. Сега самите ја преиспитуваме целата наша врска.

Малку те гуглавме (ништо манијачки, само основни работи) и откривме дека ти ова го правиш заради нов алгоритам кој одлучува кои луѓе сакаат да не' видат во нивниот њуз фид. Ако ова е вистина, тоа значи дека твојот алгоритам вели дека најголемиот дел од нашите пријатели не се заинтересирани за суши порно, или не сакаат да ги чујат нашите најдлабоки размислувања за додатоци на пица. Дали се слушаш себеси? Дали знаеш колку смешно звучи ова? Знаеш дека сите што кликнале "like" на нашата страна, тоа го направиле затоа што е преполна со провокативно наместени бурита и вицови за сирења, така?

Ама те сакавме Фејсбук, па се обидовме да те разбереме тебе и твојот алгоритам. Колку што сфативме тој вклучува зборови како "афинитет" и "распаѓање со тек време." Има и некоја грчка буква во сето тоа равенство, ама не сме сигурни бидејќи ни досади и нарачавме тостови. Гледај Фејсбук, она што кажуваме е дека се што сме сакале е да споделиме некоја шега за пилешки крилца, а не да проучуваме астрофизика.

Ако сме искрени, твоите постапки прават да се чувствуваме како да не не' почитуваш. Можеби мислиш дека нашите фори на тема храна и мемиња на тема благо дошле од никаде, ама ние трошиме многу време обидувајќи се да ги усреќиме луѓето. Сериозно, ние посветуваме барем еден час дневно обидувајќи се да најдеме збор што се римува со Хаварти (тип на сирење), бидејќи сакаме да ја напишеме првата сонета за сирења.

Ние само даваме, а ти само земаш. Ти ги даваме нашите статии, вкусни фотографии од храна, купони, препораки за ресторани... а што правиш ти за возврат? Ги земаш и ги криеш од сите наши пријатели. Може ги крадеш нашите различни шеги за сендвичи со свинско, па потоа кажуваш дека се твои. Веројатно никогаш нема да го дознаеме тоа.

Дури и ако можеме да го разбереме твојот мистериозен, сезнаен алгоритам, тој постојано се менува, па она што функционира денес, нема да функционира утре. Објавување на нешто што ќе го видат најголемиот дел од нашите пријатели е ако да гризнеш бурито и да ги фатиш сите 7 слоеви... никогаш нема да се случи. Поентата е, ни го трошиш времето и го криеш целото порно со храна од нашите пријатели. Ова не е кул Фејсбук, не е кул.

Поголемиот проблем е што не можеме повеќе да ти веруваме. Не лажеше кога рече дека си социјална мрежа, ама ти воопшто не си социјална мрежа. Барем не повеќе. Кога ќе се логираме на Фејсбук, сакаме да видиме што прави тетка Џуди следниот викенд (надевајќи се дека ќе ни пече колачиња) и да ги прочитаме феноменалните наслови од Онион и да гледаме слики од мачки што си ја заглавиле главата меѓу перниците на каучот. Наместо тоа, го добиваме ова:

Ова прави да се чувствуваме како на тебе да ти е само до парите. Зошто треба да скроламе низ дузина промовирани постови за тоа како да ослабеме (сакаш нешто да ни кажеш?) и барања помош за Кенди Краш (НЕ! И не.) и препораки да ги лајкуваме страните на нашите најголемите непријатели (сериозно што ти е?), пред конечно да го најдеме перфектното Doge меме. Навистина изгледа како да не си веќе истиот и дека си се претворил во ништо повеќе од платформа за реклами.

Да, прав си. И ние правевме грешки. Ние дури и плативме за да имаме некои од оние напорните промовирани постови. Тогаш ти ни велеше "Друже, мора да ги пробаш промовираниве постови, ќе ви помогнат да соберете повеќе пријатели и потоа повеќе луѓе ќе уживаат во вашите LOLZ." Од што те сакавме го пробавме и тоа. Исто така, YOLO.

И точно, добивме тон нови лајкови на нашата страна. Види ги сите овие наши пријатели, си мислевме. Еден дечко од Хјустон, па после е тука тој типот од... Бангладеш? И оваа девојката во... Дубаи? Што ти е Фејсбук? Кога рековме "сакаме да го освоиме светот со такитос," тоа беше метафора (исто така беше 4:20 во тоа време). Ок, навистина сакаме еден ден да го нахраниме светот, ама за сега сме само во САД, па иако ги сакаме нашите меѓународни пријатели, ние претпочитаме да не ги напнуваме со тоа што би им покажале слики од вкусно јадење што не можат ни да го нарачаат. Зошто помисли дека би сакале да имаме пријатели кои не можеме да ги нахраниме? Ова има смисла како да добиеш пица со кулен, на која само на едно парче има кулен.

И немој да фатиш да ни правиш фори дека не знаеме што збориме. Ние не сме единствени што се чувствуваат вака. Види го ова видео што луѓето од Веритасиум го направија и кое дава малку подобар осврт на овие "лајкови."

Искрено, повредени сме што толку се промени. Едвај те препознаваме со сите пластични операции што ги направи. Врати се на стариот изглед. Го промени својот изглед повеќе пати од Мадона. Сериозно. Не е дека не сакаме промена, само премногу нервира кога ќе одлучите да ги зголемите димензиите на банерите за 5 пиксели без никаква причина.

Сериозно, ако треба да направиме 142 различни димензии на банери за да ти угодиме за тоа како ти се чувствуваш неделава, или да лежиме на кауч и да размислуваме за пржено суши, ние секогаш ќе го избереме сушито. Само велам, можеби треба да научиш нешто од одличната веб-страна за филмот Space Jam. Страна која не се променила од 1996-та и е феноменална.

Што? Не ти се допаѓа да те споредуваат со стара и многу поразлична веб-страна? Ок. Ајде тогаш да зборуваме за твоите колеги. Да не мислиш дека се ниски удари, ама многу ни е позабавно кога се дружиме на Твитер и Инстаграм. Тие ги немаат овие чудни алгоритми, што значи дека сите наши пријатели гледаат се што ние ќе објавиме. Можеби забележа дека Елен одлучи да направи селфи со убави луѓе како се убави, и тоа да го стави на Твитер. Доби толку многу ретвитувања што го расипа Твитер. Цел сајт падна. Кога последен пат ти си имал толку многу забава?

Тоа е. Готови сме. Се што ви остана се замрзнати оброци за едно јадење. Ние? Ние можеме сами да изедеме цела пица, и затоа не ни е гајле за тоа. Ќе си ги спакуваме работите и си заминуваме до 23:59 во понеделник навечер. Да, добро го прочита ова. Eat24, компанијата што секогаш им кажува на своите посетители да ја лајкуваат нашата страна, да објавуваат на нашиот ѕид и да ни бараат купони на Фејсбук... го брише својот Фејсбук. Стварно.

Дали некому ќе му недостасуваме? Дали некој воопшто ќе знае дека сме заминале?

Кој знае што ќе се случи меѓу сега и понеделник. Можеби толку од нашите пријатели ќе пишуваат на нашиот ѕид што вашето АПИ ќе се расипе. Ок, баш и не знаме што значи АПИ и дали може да се расипе, ама нешто можеби ќе падне и ќе се случи ерор. Па имајте убав живот и со среќа играње Words With Friends сами.

п.с. Ако го читате ова и вашето име не е Фејсбук, и ти си еден од нашите убави гладни муштерии - НИЕ СЕ УШТЕ ВЕ САКАМЕ и ви даваме шанса да се поздравите. Последни зборови? Бидејќи се' бришеме во понеделник во 23:59, можете да кажете се што сакате. Да признаете дека сакате прокељ, да признаете дека се уште го цицате прстот, да откриете во која славна личност сте заљубени. Никому нема да кажеме. Поздравете се со Eat24 на Фејсбук.

п.п.с Ако го читате ова и сте гладни, имате среќа бидејќи нашата апликација не се базира на социјални медиуми или блогови. Би сакале да ви помогнеме да се случи храна.

Eat24

---------------------------

Првиот коментар на писмото на Eat24:

I spent over $10k on FB advertising to build my fan pages. That was before FB axed the reach of fan pages. FB took my money and then blew up the bridge between me and my fans. Oh, and I had zero spam complaints in months so it wasn't that.
The whole idea of a fan page is that once you "like" a page, you get to see that page's posts in your news feed. If you've had enough, you unlike the page. Simple. FB has dialed down the reach of fan pages to a huge extent.... because the most successful fan page content is interesting and engaging and therefore draws attention away from the advertising. So the whole thing was, essentially, a bait n switch.... typical corporate strategy. Now you might be able to run with that attitude if you are an oil company, but in social media you just killed yourself - because you just created a huge hole at the top for a new social media site that actually cares about the user experience and puts it first. Oh well, guess I will be looking for a new venue for my ad budget. Myspace was too big to fail too, remember....

31 март 2014 - 11:35