Кантри пејачката Доли Партон во една иста вечер ги има напишано песните „I Will Always Love You“ и "Jolene".
Кога првата песна во 1974 година беше на врвот на топ -листите, Елвис Присли посакал да сними своја верзија. Партон била заинтересирана сè додека неговиот менаџeр, контроверзниот „полковник“ Том Паркeр (добро опишан во последниот филм за Елвис), не ѝ рекол дека стандардна процедура е да се откаже од половина од правата на таа песна.
Доли Партон одбила.
„Реков: Навистина ми е многу жал“ и цела ноќ плачев. Ми беше ужасно, Елвис го одбив. Но, едноставно, не можев да го сторам тоа. Нешто во срцето така ми викаше. Знам дека тој ќе растуреше со таа песна, ама, не можев. А потоа дојде Витни Хјустон со своја верзија и од неа заработив доволно пари да го купам Грејсленд“.
Доли Партон е порасната во тешка сиромаштија и никој од познатите нема сторено повеќе од неа за образование на сиромашни деца.
Во 1990 година, процентот на ученици кои не завршувале средно во нејзиниот роден град изнесувал преку 30 проценти. Таа го има воведено таканаречениот “Buddy program“ по кој секој матурант добивал фина сума кога ќе дипломирал. Но, само ако истовремено школото го заврши и друг ученик кого го одбрале за „buddy“ (другар).
Бројот на оние кои се откажале пред матурирање паднал на под 6%.
Кога во 2016-та година, своите домови во пожарите ги изгубија околу 900 семејства, таа на сите нив наредните пет месеци им исплаќала по 1.000 долари. Кога во банка ја завршувала папирологијата околу тоа, на секое семејство му дала уште по 5.000 долари, да им се најде. Вкупно 9 милиони долари.
Нејзино дело е и проектот „Imagination Library“ од 1995 година. Сфаќајќи дека децата од руралните и сиромашни средини веќе заостануваат кога ќе тргнат на школо, што подоцна ги спречува да тежнеат кон повисоко образование, на секое дете од нејзиниот округ ми била бесплатно давана по една книга месечно, од денот на раѓање до првиот училишен ден, без никакви услови. Тоа тргнува како иницијатива во нејзиниот град но брзо се проширува во САД и други држави. До 2019-та, на овој начин биле поделено преку 100 милиони книги.
А хумор и шарм во неа, колку сакаш.
На почетокот на кариерата ќе каже:
„Не ме навредуваат шалите дека сум глупа плавуша, пошто знам дека не сум глупа.... и дека не сум плавуша“.
И легендарната изјава:
„Не знаете колку скапо кошта да изгледам вака евтино“.