Макавеев и Рамбо

Двајцата мудреци и заебанти се возат со чамец по Дунав, го откриваат значењето на дигнатите три прста кај Србите, со свирка се отпоздравуваат со другите, рипаат по палуба, расположени, забавни, лабави. Пробавме да замислиме десетина комбинации на македонски музичар и режисер качени вака на чамец. Не оди.   

* Сегмент од „Дупка во душата“, документарец на Макавеев од 1994 година, се вика „Дупка во душата“.

Рамбо го знаете.

Душан Макавеев почина неодамна, беше еден од најбитните југословенски режисери од таканаречениот црн бран, најпознат по филмот „В:Р: Мистерии на организмот“ кој малку ја пердаши црвената буржоазија бавејќи се со фројдовиот ученик Вилхелм Рајх.

Со одлука на американскиот федерален суд од 1954 година, книгите на Рајх се прогласени за нелегални и се спалувани во просуство на службеници лица.

Со одлука на јавното обвинителство на СР Србија од 1971 година, филмот на Макавеев е забранет за прикажување и е ставен во бункер до 1986 година кога е рехасбилитиран.

Се збореше дека Кјубрик го гледал „В.Р.: Мистерии на организмот“ и после изјавил дека тоа за што нему му биле потребни макети за да ја креира сцената со штраусовииот валцер во „Одисеја 2001“, Макавеев го прави на белградски отпад, со 16 милиметарска камера, Ивица Видовиќ, бел коњ и музика на Булат Окуџава.

Кјубрик со Штраус:

Макавеев со Окуџава:

*****

Ѕирнете го и документарецот за Мак

 

29 јануари 2019 - 10:47