Култура на амбалажа која ја презира својата содржина

Знаејќи во какви будалести емисии и треш проекти го имаме видено, за малку лабаво ќе го прескокневме Маца и ќе ја утневме оваа негова дестилирана дијагноза на времето во кое живееме. Маца ја убоде суштината, достојно на еден Рамбо.

Живееме во свет во кој изгледот е поважен од паметта, свадбата побитна од љубовта а погребот поважен од покојникот.

Живееме во култура на амбалажа која ја презира својата содржина.

Заглавени сме во генерација во која верноста е тетоважа, лагата е новата вистина а љубовта само цитат.

Сè е инстант, нема суштина, сè е фејк, форма, лајк...

Маца

16 јануари 2023 - 17:29