
Маркетиншката 2012-та година, за Европската комисија на ЕУ почна во јуни кога одговорните повлекоа неразумен и пред се глуп потег. Намерата беше добра, да го адресира недостатокот на жени во СТЕМ (science, technology, engineering, mathematics) областите и да ги охрабрат жените повеќе да се вклучат во науката.
Но, ЕК покажа дека патот до добрите намери е поплочен со визуелен пекол, па го пуштија овој ефтин, плиток и сексистички спот во која манекенки неуверливо глуматаат научниции а авторите не знаеле како може наука да им се приближи на жените ако не им доловиш дека има врска со кармини и пудри.
За среќа, ЕК не остана глува на оправданите реакции на нивниот спот па брзо (за приближно 30 часа) го симна од својот веб сајт. Но, маркетиншкото фијаско не остана незабележано па стана предмет на пародии:
Во меѓувреме, Комисијата реши да ја поправи единицата па го повтори целиот процес. Жирито ги одбра следниве два спота, првиот на Французи, вториот австралиски:
А на публиката која гласаше, најсимпатични им беа Американците.
Извештај за работењето на ЕК во областа на маркетингот за 2012-та година:
"После непромислените и избрзани јунски потези на раководството на ЕК, забележан е извесен напредок во областа на рекламирањето. Ја охрабруваме комисијата да продолжи во правец на приближување кон пристојните адвертајзинг стандарди и да ги удвои напорите за упристојување на својот имиџ. Значи, добро е, ама може и подобро. За жал, во моментов не сме во состојба на Комисијата да и дадеме датум кога ќе може да започне преговори да прави спотови и за нас".
Трендоленд, 2012 (строго недоверливо)