Морам да го напишам овој пост бидејќи има премногу недоразбирања за да одговорам поединечно.
Драги мои, големи поборници за толеранција (некои би ги нарекле „воукери“),
Ако на некој не му се допаѓа маж кој е нашминкан и во танга, тоа не значи дека е хомофоб.
Ако некој го става семејството на прво место и заговара стари морални принципи, тоа не значи дека е задрт десничар.
Ако некој не го сака Бајден или (не дај Боже) Обама, тоа не значи дека му се допаѓа Трамп.
Ако некој мисли дека Зеленски ја продал својата земја на Блек Рок, не значи дека е за Путин.
Ако некој мисли дека Евровизија или отворањето на Олимпијадата се дегутантни, не значи дека е небањат теоретичар на заговори.
Не е сè црно-бело, вие барем знаете колку бои има виножитото. Бидете толерантни и кон „обичното“, а не само кон различното.