Писмо од Канаѓани

Американци, немате поим колку ви е добро со Обама

По завршување на неодамнешните општи избори во САД, еден Канаѓанец од Британска Колумбија му пишува писмо на уредникот на локалниот весник, во кое не му се верува дека Обама, односно демократите, воопшто може да ги изгубат изборите. Вика вака:

Многумина од нас Канаѓаните се збунети од изборите во САД. Размисли, моментално во Америка корпоративните профити се на рекордно ниво, земјата има 200.000 нови вработувања месечно, невработеноста е под 6%, растот на бруто домашниот производ е највисок меѓу сите држави на ОЕЦД. Доларот е на најсилно ниво во последниве години, берзата е речиси на рекордно ниво, цената на бензинот паѓа, нема инфлација, каматните стапки се најниски во последните 30 години, паѓа увозот на нафта во САД, а производството на нафта во САД рапидно расте, дефицитот рапидно опаѓа, и богатите се уште прават неверојатни суми на пари.

Америка повторно го води светот и е меѓународно почитувана - остра спротивност на годините на Буш. Обама ги донесе дома војниците од Ирак и го уби Осама бин Ладен.

И, Американците гласаат за партијата која ве внесе во проблемите од кои Обама само што ве извади? Ова е спротивно на разумот.

Кога ќе завршите со Обама, ќе може ли да го пратите навака?

Ричард Брунт
Викторија, Британска Колумбија

18 ноември 2014 - 11:05