„Ама кој нас ќе ни каже...“

Од смешни до одвратни ни се оние што се прават будали во врска со инжинерингот кој се спроведува со Македонија па демек самоуверено се прашуваат „кој може нам да ни каже како се чувствуваме и дали се мислиме за Македонци?“ Како кој бе, абдали? Оние што ќе ги пишуваат учебниците, книгите, државно платените сценарија... Што ѝ е друго работа на пропагандата? Ела да ви кажеме еден пример. 

Непосредно после Втората светска војна, 57% од Французите рекле дека Советскиот сојуз била главната причина за победата на Сојузниците.

Неколку децении напред, после безброј книги, медиумски написи и холвудски филмови, францускиот мозок е прописно испран па сега Французите веруваат дека Американците ја извојувале победата.

„Ама кој нас ќе ни каже...“

*********

Види и:

Кој победи на 9-ти мај?

16 февруари 2024 - 15:31