Немој да ги празните продавниците, сите основни продукти секогаш ќе бидат таму (владата знае дека мора да обезбеди храна и тоалет хартија за вас).
Најди нешто на што ќе си го трошиш времето, затоа што на крај сите ќе завршат во карантин, и нема да биде само 14 дена па потоа се враќаме во нормала, туку ќе биде многу повеќе - па затоа купи ја книгата, играта што ја мислиш, нешто за да се изненадиш самиот себе еднаш неделно за да не излудиш, пример убаво шише пенливо вино.
Научи како правилно да ги миеш рацете, јас не знаев, никој не знаеше. Се вика миење раце во 7 чекори и е процедура од СЗО.
Маските за лице се корисни само ако имаат одредено ниво на безбедност и корисни се за заразените да не ги шират симптомите, меѓутоа голем број од нас носат од тие бескорисните чисто за луѓето на улица или во продавница да бидат помалку уплашени (бидејќи така знаат дека и ти преземаш некакви мерки).
На крајот, најтешкото нешто е досадата, гледај да си во контакт со пријателите и гледај да има што да правиш (гледање вести и телевизија само ќе те оптовари со информации за коронавирусот - во ред е да следиш што се случува на темата ама тоа лесно може да стане опсесија).