Вистинска пијачка за секоја ситуација

Да, добро, пиво. Но, има некои кои пребираат. Па ова за нив:

Да се билдаат мускули:

Млеко. Содржи протеини и амонoкиселини кои учествуваат во создавањето мускулни влакна.

Да се слабее

Зелен чај и сок од грејпфрут. Зелениот чај е најпиената пијачка на светот, содржи елементи кои го забрзуваат метаболизмот. За иста функција и сокот од грејпфрут иако јадењето на овошјето е поефикасно за таа намена од пиењето на неговиот сок.

Да се опорави човек

Вода, чоколадно млеко или спортски напиток. Водата за да се надополни со потење изгубените течности. Чоколадното млеко заради одличниот однос на јагленхидрати и протеини и спортските пијачки заради минералите.

За грчеви во мускулите

Сок од кисели краставички. Ги ублажува спазмите во мускулите, честа појава после напорни физички активности. Добро е да се пие и однапред, како превенција. Истражувања покажуваат дека ваквиот сок ја подобрува комникацијата меѓу мозокот и мускулите во моменти на премор.

За вознемирен стомак

Џинџерејл. Да речеме, ако сте претереале со сокот од краставички. Ѓумбирот го смирува стомакот, чувството на гадење и сл.

За воспаленија во устата

Кокосово млеко. За  афти, изгореност од жешка храна, рани од изваден заб. Маслото од кокосовото млеко спречува габични воспаленија.

За несоница

Сок од вишни. Да живеевте во 19-от век, официјално ќе ви беше предложен коњак. Во нашево безалкохолно доба, негова заемна е сокот од вишни. Или чај од камилица. Го зголемуваат присуството на мелатонин кој помага во заспивање.

За после лута храна

Јогурт. Киселоста на јогуртот го неутрализира капсаицинот (присутен во лутите пиперки) кој е база.

За мамурлак

Вода, сок од портокал или фрапе од банани. Но, не очекувајте чуда.

За сè останато - види ја најавата.

30 септември 2012 - 10:38