Сакаме факти?

Како марихуаната станала нелегална, кој треба да ја добие титулата на Ленс Армстронг од 2005-та, зошто не се препорачува читање на тетратката на Марија Кири... Да се чуди човек!

Нотесот на Марија Кири (19-ти век) се уште е толку радиоактивен што е опасно по здравје да се држи в рака.

Најстарата желка на светот која умре пред 6 години беше родена цели 26 години пред потпишувањето на американската декларација за независност.

Марихуаната е прогласена за нелегална во 1937-ма година благодарејќи на сведочење на човек кој меѓу другото тврдел дека таа ги тера белите жени да сакаат да бидат со црнци.

Орангутанот Фу Манчу има неброено пати побегнато од неговиот кафез во Зоолошка. Подоцна е утврдено дека користел импровизиран клуч направен од жица кој при проверка го држел в уста.

Доколку организаторите сакаат на Тур Д Франс од 2005-та година сакаат титулата на Ленс Армстронг да ја префрлат на следниот најбрз учесник кој никогаш досега не бил поврзан о користење допинг, треба да му ја дадат на оној кој стигна 23-ти на таа трка.

"Топ Ган" толку многу ја популаризираше американската авијација што тааа организираше регрутни центри во самите кино сали.

21 септември 2012 - 18:07