За делото за кое одлежал четвртина век зад решетки: некој му должел за дрога (120 грама кокаин), собрал дечки па го начекале должникот, бил со некоја женска. Почнал пак да го мафта дека ќе му даде пари, овој веќе не можел да чека, видел дека е накитен со злато па му собрал накитот. Дечките ја ограбиле и придружничката при што некој од нив (не овој „нашиов“) ја удрил со рачка од пиштол. 25 години! Шелдон Џонсон Јуниор дури лани излегол од зандана.
Еве дел од муабетот на подкастот. Мирен, кроток дечко.
Недолго после интервјуто, во апартманот на 48 годишниот Шелдон Џонсон во Бронкс, полицијата нашла исечена глава во фрижидер и искасапено торзо во канта.
Остатоците му припаѓале на извесен Колин Смол (44).
Џонсон му дошол во стан, го упуцал па после го транжирал. На камери е фатен како носи канта, средства за чистење....
Причина: двајцата имале кавга уште кога лежеле затвор во Синг Синг.