Кога на Мике Сакасегева животот му дал лимон, наместо да си направи лимонада тој направил видео од тоа како лимонот се тркала покрај ивичник од тротоар. Класичен вирален импулс: почнуваш да го гледаш клипот од што не веруваш дека тој се сведува на нешто толку глупо а по некое време почнуваш да навиваш за лимонот и се прашуваш до каде ли ќе стигне. И така, видеоото од лимонот кој се тркала, во втората деценија од 21-от век, за кратко време го одгледаa преку 2 милиона луѓе.