
THE AVENGERS (3D)
The Avengers – акција, авантура, фантазија – 142 минути – САД
Режија: Јос Видон
Улоги: Роберт Дауни Џуниор, Крис Еванс, Скарлет Јохансон
Ник Фјури, директорот на шпионската агенција шилд.Пристигнува на мала истражувачка станица на шилд во процес на евакуација. Физичарот доктор Ерик Селвиг е водачот на тим истражувачи кои експeриментираат на тесеракт-енергетски извор со непознат потенцијал, додека агентката Мариа Хил објаснува невообичаените зрачења на самата енергија.
Тесерактот наеднаш отвара портал, што му дозволува на Асгардскиот Бог Локи да пристигне на земјата. Локи го зима артефактот и со него ги заробува Селвиг и неколкумина агенти, вклучувајќи го и Клинт Бартон, за да му помогне во бегањето.
Како одговор на овој напад, Фјури ја рекативира „Одмазничката Иницијатва". Агентката Наташа Романоф е пратена во Индија, да го регрутира доктор Брус Бенер; Агентот Фил Колсон го посетува Тони Старк за да му го елаборира истражувањето на Селвиг, а Фјури го контактира Стив Роџерс со цел да го вратат тесерактот. Во меѓувреме, Локи се присетува на неговото паѓање во вселената од Асгард, каде што се сретна со „Другиот", водачот на воинствената раса Читаури. Во замена за артефактот, „Другите" му ветуваат на Локи цела војска со која може да ја освои земјата. Со која што Роџерс, Романоф и Старк патуваат во Штутгард, Германија за да се справат со Локи, кој е всушност дистракција за Бартон, кој е на мисија да украде Иридиум за да ја стабилизираат моќта на тесерактот. По битката со Роџерс и Старк, Локи се предава. На пат кон шилд, Тор, посвоениот брат на Локи пристигнува и пробува да го ослободи Локи и да го однесе назад во Асгард заради тоа што пробал да ја освои земјата. По конфронтацијата со Старк и Роџерс, Тор се согласува да го однесе Локи до летачкиот носач на авиони на шилд, и да го држат во притвор додека не го пронајдат тесерактот.
Мислењата на одмазниците се поделени за тоа како да се справат со Локи и со тоа како шилд планира да го искористи артефактот како оружје против вонземски закани. Додека групата се расправа, Братон и другите опседнати агенти на Локи го напаѓаат возушнното летало, онеспособувајќи ги нивните мотори, со што Бенер се трансформира во Хулк. Старк и Роџерс пробуваат да ги рестартираат оштетените мотори, додека Тор пробува да го спречи уништувањето на Хулк. Романоф се тепа со Бартон и го онесвестува, со што ја прекинува контролата на Локи врз него. Локи бега, убивајќи го Колсон, а Тор и другите се исфрлени од леталото. Фјури ја користи смрта на Колсон за да ги мотивира Авенџерите за да работат како тим. Старк и Роџерс сфаќаат дека само ако ги порази нив нема да биде доволно за Локи; туку ќе сака и да ја покаже неговата надмоќ јавно за да истакне како владател на земјата. Користејќи ја направата што ја создаде Селвиг, Локи го користи тесарактот за да отвори портал на кулата на Старк со што читарската војска ја почнува нивната инвазија!
Одмазниците се собираат во одбрана на Њу Јорк, но наскоро сфаќаат дека ќе бидат преоптоварени од брановите на инвазијата. Со помош на Бартон, Роџерс, Старк и Тор ги евакуираат цивилите, додека Бенер се трансформира во Хулк и тргнува по Локи, победувајќи го по долга борба. Романоф трнува кон порталот на Локи каде што го наоѓа Селвиг, кој и открива дека скептарот на Локи може да го затвори порталот. Во меѓувреме, надлежните на Фјури пробуваат да ја спречат инвазијата со тоа што ќе лансираат нуклеарен проектил во Менхетен. Старк го престренува проектилот и го носи низ порталот кон читарската војска. Проектилот детонира, уништувајќи го главниот брод, и онеспособувајќи ги инвазионите сили на земјата. На оклопот на Старк му снемува енергија и почнува да паѓа кон порталот, но Хулк го спречува пред да падне. Романоф го деактивира порталот за да ја спречи инвазијата. По расчистувањето, Тор ги враќа Локи и Тесерактот во Асгард. Фјури прави забелешка дека одмазниците ќе се вратат кога ќе бидат повторно потребни.
* преземено од сајтот на Кино Милениум