Ферарито на Клептон

Ерик Клептон не само што поседува Ферари туку поседува Ферари SP12-EC. И да, она "EC" значи "Eric Clapton".

По своите инсигнии, овој автомобил јасно му припаѓа на Ферари. Претставува омаж на омилениот модел на легендарниот гитарист BB512i но во линиите можат да се забележат бројни цаки на Пинифарина и други дизајнери на Ферари од различни епохи.

Ерик Клептон доживотно се вљубува во Ферари кога првпат го гледа откако во неговиот двор го паркира пријателот Џорџ Харисон (со кого имаат ист вкус и за жени). Ферари решава да ја возврати љубовта со изработка на уникатен Ферари модел за Клептон кој е една умешна ретро целина составена од различни дизајнерски потези од минатото.

 целата приказна

15 август 2013 - 11:54